Момчето Џејк Вела има ретко хормонско пореметување кое му предизвикува константно абнормално здебелување.
Лекарите му предвидуваат многу краток животен век ако не успее да ослаби.
-Џејк мора постојано да слабее. Тој поради хормонското пореметување ќе продолжи да се дебели, а според нашите проценки ќе живее 20 години, ако не успее да ослаби, велат лекарите.
Неговата мајка го запишала на триатлон, постојано вежба, а го тренира тим кој работи на Олимписките игри.
– Тој живее нормален живот. Оди во школо, свири на тапани, се дружи… Со тимот кој работи на Олимписки игри тренира 3 пати неделно. Тие му се како второ семејство -вели неговата мајка.
– Тој е силен, упорен и полн со желба за живот. Ќе успее ! – велат од тимот кој го тренира.
Ф.Г.