(Фото) Овде се крие круната на Цар Душан: “Кога имав 25 години влегов во пештерата- пpokлетството го следи секој што ќе го побара богатството

На само 20 километри од Чачак се наоѓа селото Остра, опишано во голем број на книги, бидејќи на тоа место во близина на реката Островка, па се до планините, Србите се криеле од Турците.

Низ ова место во Шумадија поминал и Ѓураѓ Бранковиќ, кој според преданието, во пештерата сокрил големо богатство, меѓу кое се наоѓала и круната на царот Душан.

За ова богатство пишувал и Чедомир Мијатовиќ во романот “Рајко од Расина” од поранешната 1892 година и според него на “митската планина, полна со пештери, змии и извори” се наоѓа сокриената ризница на Цар Душан. Од тогашш потрагата не престанала, бидејќи голем број на луѓе го барале златото, но сеуште никој не успеал да го пронајде.

Ниту луѓето од селото не останале имуни на оваа приказна.

“Кога имав 25 години, бев љубопитен и одлучив да ја истражам пештерата и да се уверам дали тоа богатство навистина постои. Потајно се надевав дека ќе го пронајдам. Влегов на околу 50 метри во пештерата, не можев повеќе, бидејќи условите не дозволуваа. Тогаш успеав да откријам само керамички слоеви”, вели за РИНА еден од мештаните.

“Сигурно постои нешто. Јас овде живеам речиси 80 години и се сеќавам маж и жена од Краљево не успеаа да преживеат и да излезат од пештерата, но тие не се единствени. Јас никогаш не се охрабрив да тргнам таму, помил ми е животот, отколку богатствотo”, раскажува еден од постарите жители на селото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.