(Фото) Овации и подарок за Мизрахи

Фејбук објава на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски:

“Вечерва заедно со претседателот на Општинскиот Комитет Бутел, Дарко Костовски, лавицата Рашела Мизрахи, членот на извршниот комитет Коце Трајановски и шефот на кабинетот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински, одржавме состанок во Бутел. Бутелчани и посакаа големо добредојде на Мизрахи и и се заблагодарија што за овој краток период ја покажа нејзината големина, чесност, работливост и нејзината љубов кон Македонија. Тие се сплотени и спремни за голема победа на 12 април. Нашиот став е единствен: работиме заедно за нашата МАКЕДОНИЈА”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.