Овој човек кој работи на аеродромот во Брисел каде вчера се случија две силни експлозии, светот го прогласи за херој! Alphonse Youla кој работи како обезбедување на аеродромот, слушнал маж кој зборува на арапски, а кога се свртел, слушнал експлозија. По хоророт во кој сите почнале панично да бегаат, тој не заминал од местото на настанот за да се спаси, туку останал и им помогнал на оние на кои им била потребна помош и не можеле сами да излезат од аеродромот, и покрај опасноста од нови експлозии и напади.
– Спасив двајца изнемоштени старци кои не можеа сами да излезат од хаосот, тие сакаа да одат со мене но јас ги изнесов и се вратив. Имаше многу луѓе на кои им треба помош во тие моменти, вели тој.
Додава дека глетката била страшна. Крв имало насекаде.
– Видов најмалку седум мртви тела како лежат на земја. Луѓе без нозе, без раце…Можеа да им се видат телата, но не и нозете. Беше ужас, вели тој.
Во нападите 35 лица беа убиени, а над 200 ранети.