Просторијата која во Библијата го има називот “хиперион” уште значи “Горна соба”.
Просторијата е во Ерусалим и во неа е одржана Тајната вечера на Велики Четврток, пред апсењето, осудувањето, распнувањето и воскреснувањето на синот Божји Исус Христос.
Но не само тоа. Исус во оваа просторија ги измил нозете на своите следбеници, се појавил во неа по воскреснувањето, во неа апостолите се собрале по Вознесението Господово (Спасовден), тука Свети Матеј е избран да го замени Јуда како дванаесетти…
Може да се каже дека “Горната соба” е првата христијанска црква во светот. Исто така, без многу дискусија, може да се каже дека во христијанството не постои позначајна просторија.
За оваа просторија некои тврдат дека е еврејска синагога, но археолошки докази нема доволно. Верувањето е дека станува збор за куќата на Свети Јован Богослов, како што вели и христијанската традиција, во која покасно живеела и Пресвета Богородица.