Авторот на познатото видео од 1959 година е белгискиот полковник Реми Ван Лирде, а змијата ја снимил на подрачјето на Конго.
Иако луѓето се многу заинтересирани да ги истражуваат вонземските појави, постојат и многу работи на Земјата кои сеуште не ни се познати. Една таква мистерија е и видеото со најголемата змија на светот, праисториско суштество кое наводно сеуште постои, но вешто се сокрива.
Иако според податоците на Гинисовата книга на рекорди најголемата змија е долга 7,67 метри, видеото од 1959 година открива дека постојат многу поголеми влечуги во светот, иако ова не е официјално потврдено.
Авторот на познатото видео од 1959 година е белгискиот полковник Реми Ван Лирде, а змијата ја снимил на подрачјето на Конго.
Лирде со хеликоптер поминувал над тоа подрачје кога го забележал огромното суштество кое е идентификувано како змија, а според неговите претпоставки станува збор за 60 метарска змија.
Преплашен, но пред се и заинтригиран, белгискиот воен херој одлучил да се спушти пониско со хеликоптерот за да ја фотографира огромната змија.
Тогаш се случувало нешто бизарно. Змијата се исправила и се обидела да го нападне хеликоптерот, па експедицијата преплашено се оддалечила.
Ф.Г.