Автобус со македонски регистерски таблички излета утрово околу 1.40 часот од автопат во близина на Лесковац, при што за гинаа три лица.
Во болница во Лесковац се префлени 28 луѓе додека четворица се во болницата во Ниш.
Според најави од болницата во Лесковац, 14 од нив ќе бидат пуштени откако им била укажана лекарска помош. Со помош на локалната самоуправа тие ќе бидат згрижени во Лексовац додека не дојде автобус од Македонија. Во реонот каде се случи сообраќајката има силно невреме проследено со силни врнежи од снег.
Според првичните информации на српските портали, автобусот тргнал од Прилеп, но подоцна напишаа дека поаѓањето било од Штип.
Засега сеуште нема официјална информација за тоа.
Крајна дестинација на автобусот требало да биде Виена.