(ФОТО) Нуклеарна катастрофа која била четири пати полоша од онаа во Чернобил: Информациите се криеле со децении

Советскиот Сојуз во август 1956 година тестирал нуклеарно оружје во Семипалатинск, Казакстан, а последиците го зафатиле 160 километри оддалечениот град Уст-Каменогорск.

Nuklearna-bomba-eksplozija-nuklearne-bombe-1-620x350

Пронајден е таен советски извештај во кој наводно е забележана нуклеарна катастрофа, четрири пати полоша од чернобилската, пишува “Mirror”.

За време на 50-тите години на минатиот век, детонацијата на нуклеарното оружје резултирала со четири пати посилна радијација отколку онаа во Чернобил. Повеќе од 600 луѓе завршиле во болница, а се верува дека 100.000 луѓе претрпеле последици, кои се чувствуваат и денес, бидејќи децата сеуште се раѓаат со некакви пореметувања предизвикани од радијациско зрачење.

Советскиот Сојуз во август 1956 година тестирал нуклеарно оружје во Семипалатинск, Казакстан, а последиците го зафатиле 160 километри оддалечениот град Уст-Каменогорск.

Во извештајот пишува дека научната експедиција, непосредно по експлозијата е испратена во Москва. Тестирањето предизвикало радиоактивно зрачење во казакстанските степи, огромно подрачје на тревни површини на северниот дел од земјата. Научниците тогаш ги следеле последиците од зрачењето, а советските експерименти продолжиле и понатаму. Властите не ги информирале луѓето кои биле погодени од катастрофата, а извештајот за последиците останал до ден денес.

Nuklearna-bomba-Nagasaki-8

Во септември 1956 година, месец дена по експлозијата, откако облакот се повлекол, научниците известиле дека состојбата во Уст-Каменогорск е и понатаму опасна за животот на луѓето.

Nuklearna-elektrana-Cernobil-25

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.