На околу 30 км од Прилеп, движејќи се по патот Прилеп-Градско, се скршнува кај с. Беловодица и преку селата Царевиќ и Смолани, се пристигнува во една волшебна рајска убавина, до манастирот посветен на Св. Илија во с. Дрен.
Низ предели исполнети со зеленило, шаренило, мир и тишина, низ прегратки на дебела дабова шума, се доаѓа до ова здание кое ни имагинација и магија не би го создале сами од себе.
Она што оди во прилог на целосно опуштање и заборав на сите проблеми, е тоа што нема мобилна мрежа, но има повеќе од доволно што да се види и доживее.
Љубовта кон бога и веројатно силата која им ја подарил светиот пророк Илија, се нештата кои помогнале на сите добронамерници да го изградат ова што постои и плени сечие око.
Водата од манастирската чешма е мевлем и лек за душа, силна, бистра и студена.
Фотографиите кои ви ги приложуваме прикажуваат како изгледа рајот на земјината топка, доцна во ноќта.
Сепак не е ни малку поразлично и за време на денот. За ова волшебно место, неговото одржување е заслужна управата на манастирот, луѓе кои ги заслужуваат сите пофалби и благослови. Секое одење има нешто ново, а при крај е и новата камбанарија.
А.Г.