Бугарија продолжува со дрските провокации во период кога се водат преговорите и Македонија очекува одлука од Европската комисија за конечно отпочнување на преговорите, пишува Инфомакс.
Денес, во Самоков, беше откриен меморијален споменик на најголемиот македонски peволуционер, Гоце Делчев. Настанот беше проследен со свечен чин во кој учествуваше вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов.
Каракачанов по церемонијата даде изјава пред новинарите, во која уште еднаш повтори дека Гоце Делчев е Бугарин, роден во Бугарија, кој се боpeл за ослободување на Македонија и нејзино обединување со неговата родна Бугарија.