Мистериозен облак во облик на летечка чинија ги фасцинираше скијачите на центарот Дувед во Шведска. Многу скијачи морале да застанат за да ја сликаат надреалната глетка.
Меѓу нив била и фотографката Сара Бјоркебаум, која го објавила облакот на својот Инстаграм профил.
-Лудо време, кул облаци. Сакам да влезам во вселенскиот брод – напишала Сара како опис на фотографијата.
Ф.Г.