Луѓето од секогаш сакале да ја истражуваат недопрената природа. Меѓутоа, постои едно племе кое живее во целосна изолација на остров во северна Индија.
На туристите им е забрането да се приближуваат до островот и до луѓето кои живеат таму, бидејќи домородците, Сентинелите, не се пријателски настроени кон посетителите. Ова изолирано племе нема контакт со остатокот од светот и агресивно ги напаѓа сите кои се обидуваат да му пријдат на островот.
Посетата на ова место не е опасна само поради непријателски настроеното племе, туку и поради тоа што членовите на племето не се имуни на современите болести. Па така средбата со некој од “надвор” би довела до изумирање на целото племе.
Властите на Индија сакале да воспостават контакт со племето, а првиот и веројатно единствен пријателски контакт е остварен во 1991 година од страна на научникот Т.Н. Пандит. Тој на островот пристигнал со подароци со надеж дека ќе го прифатат. Тој бил првиот кој не бил дочекан со стрела во градите.