(Фото) Најголемото откритие во последниве неколку години: Египет не престанува да ги изненадува археолозите

Египетските археолози во близина на градот Луксор пронашле повеќе од 20 дрвени саркофази.

Саркофазите имаат дречливи бои, а откриени се во некрополот Асасиф кој се наоѓа на западната страна од Нил. Биле поставени во два реда, едни над други.

Египетското министерство за антиквитети ова откритие го нарекло “едно од најголемите и најважните” во последните неколку години.

Голем број на гpoбници во некрополот Асасиф потекнуваат од периодот меѓу 664-332 година п.н.е.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.