Руски научници пронашле совршено зачуван труп на ждребе во студените сибирски предели.
Ждребето кое е пронајдено на подрачјето Јакутија има зачувана кожа, крзно и копита. На овие предели биле пронајдувани многу фосили на волнени мамути.
Научниците од Сојузниот универзитет на североистокот на Русија, кои го претставија откритието, изјавија дека фосилот е стар меѓу 30.000 и 40.000 години.