Лео Меси, судејќи по листата на Форбс, е вториот најплатен спортист на планетата, веднаш по Кристијано роналдо. Сепак, “Бизнис инсајдер” наведува дека Меси не е типична јавна личност и дека е прилично “затворен”. Сепак, неговото трошење не може да помине незабележано.
Меси минатата година заработил 81.4 милиони долари. Новиот договор со Барселона е вреден 826 милиони. Од реклами и други активности заработува 28 милиони годишно.
Дека на својот тим му е неопходен потврдува и податокот дека тимот кој би го купил Меси, ќе треба да плати 340 милиони долари на Барселона. Иако е екстремно богат, Меси живее надвор од очите на јавноста. Сепак, не успеал да го сокрие неговиот “Масерати” вреден 240.000 долари.
Ретко дава изјави кои не се поврзани со фудбал, а неодамна беше во центар на скандалите – обвинет за затајување данок.
На Инстаграм не се однесува како типична јавна личност, однсоно тој е прилично опуштен во градењето на негов бренд.