Кинеското село Хуаки е сместено во покраината Јиангсу, познато е и како “селото на богаташите”.
Облакодери од 72 спрата, хеликоптери кои кружат на небо, како и тематски парк, го прават ова место целосно поразлично од останатите села во светот.
Но, доколку некој одлучи да ги спакува куферите и да се пресели на некое друго место, останува без вилата и парите на банкарската сметка. Токму тоа е причината што никој не се осмелил да го напушти.
Пред 30 години ова село било едно од сиpoмашните кинески села и имало само 600 жители. Но тогаш се појавил високиот партиски функционер Ву Ренбао со план да донесе просперитет на ова место. Основал неколку фирми и сиромашните луѓе ги “претворил” во богаташи.