Тикал важи за еден од најголемите и најважните центри кои некогаш биле изградени од таинствената цивилизација на Маите. Меѓутоа, на крајот од 9 век, Тикал и низа други градови биле целосно напуштени. Новото истражување од Универзитетот во Синсиснати одговара на прашањето:”Што точно се случило?”.
Научниците го анализирале талогот од резервоарот во древниот град, кој се наоѓа на територијата на денешна Гватемала и пронајдени се токсични загадувачи кои ја направиле водата во Тикал целосно отровна.
Во огромниот град, кој често бил погоден од сушните периоди и кој бил оддалечен од езера и реки, со популација до 100.000 луѓе, контаминираните резервоари со дождовна вода може да доведат до kaтacтpoфа.
“Контаминацијата на водата Тикал го направила епицентар на зapaза и болecти”, пишуваат научниците.