Мало момче од Индија стана херој на интернет откако случајно го прегазил пилето на соседите.
Свесен дека е виновен и дека го повредил пилето додека возел велосипед , тој ги зел заштедените пари кои ги имал во касата и го однел пилето во ветеринарна болница во очајнички обид да му го спаси животот.
Фотографија која ја направила неговата мајка, додека детето во рака држи пари, а во дригта пилето, стана виртуелна, а собра и повеќе од 100.000 лајкови и повеќе од 700 коментари.