Македонската ракометна репрезентација попладнево слета во Краков, Полска каде во петок почнува Европското првенство.
Организаторот на шампионатот за „црвено-жолтите“ обезбеди автобус на кој стои уставното име Македонија, за разлика од претходното Светско првенство во Катар каде се користеше референцата (ФИР), што е причина повеќе за задоволство од присуството меѓу најдобрите ракометни европски национални тимови.
Ракометарите утре ќе го имаат првиот тренинг, а веќе в петок од 18 часот против Франција ќе го имаат првиот настап на ЕП.
На 17 јануари Македонија игра со домаќинот Полска, а по два дена (19 јануари) во последното коло од групата се среќава со Србија.