Фотографиите на британската премиерка во оставка Тереза Меј и рускиот претседател Владимир Путин во Осака на самитот Г20 покажаа какви се односите меѓу двете земји.
Путин и Меј се ракуваа на почетокот на средбата , но немаше ниту насмевки , ниту пријателски гест , па дури и изнуден. Меј направи крајно непријателски израз и едвај ја пружи раката кон рускиот претседател.
На социјалните медиуми и во медиумите овие фотографии се коментираат со цинични реченици како ,,Видете ја оваа љубов” , како што напиша уредникот на фотографија на Мирор, Дерек Момоду на Твитер.
Некои сметаат дека конечно Меј , сега кога заминува од функцијата ,го покажала своето вистинско лице и почнала да зборува и да се однесува како што мисли.