Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ е позната по специфичниот стил на облекување, а секоја нејзина модна комбинација е внимателно одбрана, истворемено прилагодена и на актуелните модни трендови, но и на функцијата.
Претседателката синоќа беше дел од гостите во Амбасадата на САД во Загреб, каде се одбележуваше Денот на независноста.
Embassy Zagreb hosted our Independence Day party. Thanks to everyone who attended. We had a 1950’s theme. Fun celebration with great food, drink and music. Happy birthday America. pic.twitter.com/KUkMYqM7pZ
— U.S. Ambassador Zagreb (@USAmbCroatia) July 3, 2019
Станува збор за тематска забава, во чиј фокус беа педесеттите години од минатиот век, па Колинда реши да одговори на задачата и како што пренесуваат медиумите од регионот, се чини тоа и’ појде од рака.
Имено, таа се појави во ретро фустан, кожна јакна, црвени чевли и жолта чанта. Оваа комбинација таа ја надополни со очила за сонце и големи обетки. Фотографиите на кои се гледа овој аутфит осамнаа на твитер профилот на Амбасадата на Америка во Хрватска, а предизвикаа бројни коментари на социјалните мрежи и порталите.