На овогодишниот меѓународен фестивалски аматерски и документарен филм во Битола, „Камера 300“, членовите на „Фото Кино Клуб“-Прилеп се закитија со две награди. Тоа беше поводот за средба со градоначалникот Марјан Ристески кој ги поздрави, а воедно им честита на добитниците на награди посочувајќи дека ова е еден од најактивните клубови последниве години.
Интернационалното жири на членовите на „Фото Кино Клуб“-Прилеп им доделија две награди и тоа на: гиманзијалецот Горан Попоски за освоена награда Златна Камера 300 за најдобар докумнетарен филм и на Гоце Трајкоски кој ја освоил наградата за најдобра монтажа за неговиот филм „Ајвар“.
Клубот и понатаму продолжува со успесите на полето на филмот и фотографијата, како и со обуката на нови членови и презентацијата на Прилеп и прилепските автори низ целиот свет.