Сириските демократски сили, фракцијата поддржана од САД, објави фотографија на која се гледа како се повлекуваат џихадистите од ИСИС од градот Манџиб.
Откако увиделе дека ја губат контролата над градот, исламистите одлучиле да се повлечат кон Јарабулус, град на сириско-турката граница.
Но, со себе понеле и околу 2.000 цивили кои ги користеле како жив штит, плашејќи се да не бидат бомбардирани при повлекувањето.
На фотографиите се гледаат многу автомобили, камиони, дури и еден багер како се возат во колона. Нив ги следат бројни пешаци, веројатно цивили, кои се распоредени од двете страни на колоната.