Триесетгодишниот Хафтур Јулијус Бјорнсон е висок 206 сантиметри и има од прилика 193 килограми, додека неговата сопруга, фитнес инструкторка, 29-годишната Келси Хенсон има 158 сантиметри и не му е ниту до рамена.
Полесна е од него дури 140 килограми. Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“ кој го глуми ликот кој го нарекуваат Планина, со својата сопруга бил главна атракција во средата во Њујорк на светската премиера на осмата и последна сезона на серијата.
Тие двајца важат за најнеобичен пар поради разликата во килограмите и висината. Во брак се од октомври минатата година, а на луѓето им е секогаш смешно кога ги гледаат заедно поради висината.„Тој јаде навистина многу. Ако одиме во супермаркет ни треба камион за да ги подмириме неговите потреби“, рекла еднаш низ смеа Келси.
Пријателите постојано ги прашуваат како изгледа нивниот сексуален однос, а тој одлучил и јавно да каже: „Таа е секогаш горе“.
Парот се запознал во септември во 2017 година, кога Келси му пришла во ресторан и побарала автограм.