(Фото) Има 104 години, а стана симбол за надеж на Италија: Преживеала две војни, па и коронавирус!

Ада Занусо (104) стана симбол за надеж во напатената Италија која се бори со пандемијата на коронавирусот, откако ја победи оваа болест.

Баба Ада во своите 104 години успеала да преживее две светски војни, но победи и во борбата со новиот коронавирус и така стана најстарата личност на светот која го победила Ковид-19.

Родена во 1916 година, а последниве неколку години живее во старскиот дом во Лесона, во областа Бијела во која короавирусот одзеде многу животи, пренесува Ла Република.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.