Откако стана најбогатиот човек во светот, Илон Маск побара совет од неговите следбеници, каде би било најисправно да го донира неговото богатство.
Извршниот директор на “Tесла” и “SpaceX” вчера го претекна сопственикот на Амазон, Џеф Безос, на листата на најбогати луѓе во светот. Имено, богатството на Маск се проценува 188 милијарди долари.
Но, Маск сака на правилен начин да ги потроши парите, па совет побара од неговите 41.1 милиони следбеници на Твитер.
Btw, critical feedback is always super appreciated, as well as ways to donate money that really make a difference (way harder than it seems)
— Elon Musk (@elonmusk) January 8, 2021
Иако советите пристигнаа многу брзо, сеуште не е јасно каде ќе бидат донирани парите на Маск.
На 7 ноември минатата година, сопственикот на Амазон потврди дека ќе потроши околу 10 милијарди долари во фондот против “климатските промени”.