После спектакуларниот огномет синоќа и низата музички и културни настани, денес во центарот на Прилеп продолжи одбележувањето на 75-годишнината од почетокот на народноослободителната борба, “11-Октомври”.
Прилепчани имаа можност да погледнат дел од арсеналот и воената опрема на Армијата на Република Македонија и да се дружат со припадниците на војската.