(Фото) И сопругата на Харадинај ја потврди неговата оставка

Информацијата дека Харадинај поднел оставка од позицијата премиер од привремените приштински институции, ја објави и неговата сопруга на асвојот Фејсбук профил.

Анита Харадинај ја објавила изјавата на Харадинај од конференцијата за новинари, на која соопштил дека ќе поднесе неотповиклива оставка поради тоа што добил повик од Специјалниот суд во Хаг, формиран за истрага и процесуирање на одговорни поранешни припадници на ОВК за вoeни злocтopства.

Харадинај рекол дека повикот за сослушување го добил денеска, а дека за датумот на сослушувањето ќе биде известен дополнително.

Премиерот во оставка е во брак со русокосата новинарка на РТК Анита Муцај од 2003 година, од која наводно бил маѓепсан кога дошла да го интервјуира уште како лидер на ОВК.

Меѓутоа, Рамуш тогаш бил во брак со Јоана Карлсон од Финска, со која го има синотт Шкељзен. Ја запознал на вратата од ноќниот клуб каде работел како обезбедување. Таа љубовна приказна завршила во 2001 година наводно на инсистирање на Рамуш.

Што потоа се случило, никој не знае, а потоа следувала „судбинската3 средба со Анита, со која денес има 3 деца – два сина и една ќерка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.