Затворен е храмот Воскресение Христово, запечатен е гробот Господов, светот во тишина мирува до спуштањето на Благодатниот оган и Христовото Воскресение. Добра Пасха!
Појаснување за Светиот пламен (благодатниот оган):
Веќе на Велики петок по бдението луѓето го напуштаат храмот, а дури по деталните проверки на комисијата, составена од претставници на полицијата, римокатоличката, ерменската, коптската и другите цркви, главната врата на храмот е заклучена. Внатре нема никој. Велика сабота во десет часот се отклучува храмот и се гаснат сите свеќи и сите кандила кои ги има стотици во оваа црква.
Детално се проверува Кувуклија, дека случајно во собата на Светиот гроб нема ништо што би можело да му ги запали свеќите на патријархот.
На плочата на Светиот гроб е оставена памучна газа и неосветлена запалка, по што вратата на Кувуклија се запечатува со големо парче восок.
По пристигнувањето на Ерусалимско-литискиот патријарх, кој три пати ја обиколува Кувуклијата, восокот се отстранува и комисијата го проверува патријархот дали има некакви средства за палење.
По извесно време, видливо со голо око, низ куполата на храмот во вид на молња се спушта до врвот на Кувуклијата и понатаму кон плочата на Гробот, светло сина светлина која ги пали сноповите од по 33 свеќи на патријархот.
Патријархот го дава првиот сноп свеќи на претставник на Ерменската црква, а вториот на групата наречена Арапски свештеници. После тоа Благодатнот оган се шири со неверојатна брзина по целата црква, палејќи ги свеќите на сите верници.