(Фото) Запознајте ја Калпија: Реконструирано лице на жена која живеела пред 7.500 години

Развојот на технологијата овозможи науката да напредува на сите полица и да ни носи нови, неверојатни откритија. Чepепот од жена која живеела пред 7.500 години, кој беше откриен во 1996 година, сега ни открива нови тајни.

Археолозите во 1996 година во една пештера на Гибралтар пронашле гpoб со човечки коски, меѓу кои и чepeп. И пред деталната анализа знаеле дека гробот е многу стар. Чepeпот иако стар се придружил на останатите предмети во Гибралтарскиот национален музеј, пишува National Geographic.

Сместен на југот од Иберијскиот полуостров, Гибралтар е познат по големото присуство на остатоци од древни народи. Голем број на возбудливи откритија од Гибралтал со децении фрлаат светлост на човечката историја.

На околу 1.400 метри висина, овој предел е познат по големата мрежа на пештери и илјадници години е засолнижте за луѓето.

Гpoбот на Калпија е пронајден во пештерата Европска точка, на најужниот дел од полуостровот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.