Вчера во ООУ “Добре Јованоски”- Прилеп се одржа спортски настан на полагање за DAN- појаси, oд џудо клубовите “Бушидо” од Прилеп и “Кожувчанка” од Кавадарци.
Настанот се одржа на теренот со вештачка трева во училиштето, а присутни беа голем број млади џудисти и нивните најбилски. Пред комисијата која ја предводеше основачот на македонското и прилепското џудо г-ин Ѓорѓи Чатлески, младите џудисти ги оправдаа појасите, изведувајќи џудо техники и кати.
[Best_Wordpress_Gallery id=”238″ gal_title=”Полагањепојаси”]
Џудо клубот Бушидо од Прилеп е млад клуб кој постојано бележи успеси и е во значителен подем. Со големата мотивација од тренерот Рубин Пеески и посветената работа, младите џудисти се на пат да станат врвни спортисти кои во иднина би ги бранеле и боите на Македонската џудо репрезентација.