130 млади шахисти учествуваа на традиционалниот Меѓународен младински шаховски турнир “Наум Наумоски – Борче”. Шахистите беа поделени во 3 групи, и тоа: во категорија до 8 години, до 10 и до 18 годишна возраст.
Учество на турнирот зеде и 15-годишниот Никола Павлески од Прилеп, на кого за влакно му избега првото место на турнирот во категорија до 18 години.
Никола забележа 5 победи и две реми партии, а ова е негов највреден шаховски успех досега.
Да му посакаме желби за уште поголеми успеси во иднина и искачување на европски и светски шаховски пиедестали.