Како никогаш до сега, единствени и полни со жар, 20 000 граѓани пристигнаа во главниот град во одбрана на националните интереси, со барање за избори и револт против одлуката на претседателот на државата да се аболицираат Зоран Заев и Зоран Верушевски.
ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ ВО ДУШАТА ГО НОСИМЕ! Ечи Скопје од грлата на граѓаните кои се дојдени да ја одбранат државата и институциите од хулигани, насилници и деструктивци.
Oва се тешки моменти, народот го кажа своето, Украинско сценарио нема да се дозволи во Македонија.
Патриотизмот и љубовта кон домовината се нештата кои ги обединуваат сите овие граѓани вечерва.
За разлика од протестите организирани од страна на така наречениот граѓански невладин сектор на СОРОС и СДСМ, протестите на ГДОМ се одвиваат мирно и со многу патриотски песни.
А.Г.