Помина една недела откако Новак Ѓоковиќ го освои деветтиот “Австралија опен” во кариерата, а на социјалните мрежи и понатаму се говори за синооката Србинка која го бодреше Новак од трибините.
“Да, јас сум таа девојка со убави очи, ви благодарам на комплементите, се викам Даница Благојевиќ, мажена сум со Александар Благојевиќ и имаме три деца”, изјави за Спутник.
“Го запознав Новак кога дојде во Мелбрун првиот пат со својот тренер Дејан Петровиќ. Имам среќа што Дејан е мој роднина. Имаше школа за тенис, всушност Тенискиот клуб “Пума” во Крагуевац”, објаснува таа.
“Сакам да го гледам во живо секогаш кога игра во Австралија, но оваа година финалето се одигра на роденденот на мојот сопруг. Го изненадив! Купив две карти за да го гледаме Ноле и така прославивме. Следната година ќе ги резервирам истите карти, истите места, ќе ја носам истата капа и се надева, Ноле повторно ќе победи во финалето”, вели Даница.
Шта се оно у Мелбурну сјаји pic.twitter.com/59VQLaauA8
— Иван Милинковић (@milinkovic_ivan) February 21, 2021