На социјалните мрежи се шири сметка од ноќен клуб во Хвар, на која за само една вечер се испиени 87.669 куни, што е 11.732 евра.
Сметката ја фотографирал келнерот и ја објави, а нејзиното ширење на интернет не може да се сопре.
Како што се гледа на сметката, испиени се неколку шишиња од најскапиот шампањ Дом Перињон, разни пива, жестоки пијалоци и текили, а и по некое шише вода.