Ова дрво можеби изгледа како и секое друго дрво (добро, малку помагично), но ако го погледнете одблизу ќе видите дека тоа крие различни овошни плодови кои растат едни до други.
Ова дрво е “дело” на Сем ван Акен, професор на Универзитетот Сиракуза и современ уметник, кој создал хибридно дрво со 40 различни плодови кои растат на него одеднаш.
Проектот се вика “Tree of 40 Fruit”, а Ван Акен постојано бара разни начини како да ги подобри своите методи и да го надогради своето волшебно дрво.
Тој ја користи техниката на “калемење”, во која зема гранка од секој вид на овошје, а потоа го трансплантира во едно дрво. Целиот процес трае од осум до девет години.
„Ова започна како уметнички проект. Сакав луѓето да го доживеат ова неверојатни искуство и да видат како сите овие различни бои и плодови растат на едно дрво”, вели Сем.
Дел од овошјата кои растат на неговото дрво се сливи, праски, мандарини, цреши и бадеми, а доколку сакате можете да си нарачате сопствено вакво дрво.