(Фото) Директорот на “Старбакс” ја најави својата кандидатура за претседател на САД

Американскиот бизнисмен и поранешен директор на “Старбакс”, Хауард Шулц, рече дека сериозно размислува да се кандидира за претседател на САД.

Шулц, кој минатата година ја напушти функцијата од Старбакс, наведе дека размислува за можноста да се кандидира за американски претседател на изборите во 2020 година како независен кандидат.

Во низата на твитови кои ги објави, тој наведе дека двете партии во САД се “целосно поделени”, пренесува Би-Би-Си.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.