Фото: “Дали Миле Талески ги видел новите базени во Прилеп или можеби ја чека метлата на 26-ти мај??”

Дождливото време деновиве им зададе огромни главоболки на граѓаните на делот од улицата “Андон Слабејко” во Прилеп.

Ова е само една од многуте улици кои мораат или да бидат целосно реконструирани, или итно да се поправат ударните дупки.

Граѓаните од оваа улица велат дека во вакви денови не можат да излезат од дома и слободно да се движат.

Неофицијално, како што дознаваме, за во недела 26 мај, посета на ОО СДСМ Прилеп има најавено Зоран Заев. Според тоа се поставува прашањето дали тогаш се очекува да “заигра” најавената метла??




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.