Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со младите во Градскиот парк во Скопје го проследи премиерниот меч од Европскиот шампионат во фудбал кој од денеска, па до 10-ти јули се одржува во Франција.
На тревникот пред популарната „Школка“ во Градскиот парк во Скопје беа присутни над 500 млади, кои колективно на проектор го проследија отворањето на Европското фудбалско првенство и првиот меч помеѓу домаќинот Франција и репрезентацијата на Романија кој заврши со победа на Французите од 2:1. Меѓу присутните беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.