Кога безидејноста ќе кулминира, на виделина излегува вистинската позадина и вистинското сценарио, а тоа кај СДСМ е веќе позната работа, деструкција, уништување, нервоза и револт.
Нешто што и е познато на целата јавност, денес се репризира во своето којзнае кое продолжение.
И покрај тоа што започнаа да се исполнуваат желбите, и покрај тоа што нема да има избори, а започна и постапката за повлекување на аболицијата, вандалските чинови продолжуваат.
Грозно и огорчено се чувствуваат прилепчани поради секојдневните сцени, кои продолжија и во вчерашниот ден.
Се уништуваше општинската зграда, сообраќајната сигнализација и коловозите.
Граѓаните, а особено оние кои немаат политичко убедување и не припаѓаат кон ниту една опција, се тие кои се најгласни во своите осуди.
Велат дека на ваков начин нема да се придобие нивната наклонетост и поддршка.
Слабиот рејтинг на СДСМ и уште послабиот на нивната организација во Прилеп, дополнително се руши и опаѓа.
Со ваков начин на дејствување не се носат нови инвестиции, не се отвараат нови работни места, не се обезбедуваат повисоки плати, пензии, социјална помош. Со ваков начин на дејствување единствено се руши и уништува нешто што е заедничко, нешто што им припаѓа на сите и на што се гордеат сите граѓани на Прилеп.
Нови дела и проекти за уште поубав Прилеп, за уште посовремен и поевропски Прилеп, порачуваат граѓаните кои не се согласуваат со дивеењето на 200-300 поддржувачи на СДСМ.