Оригиналната фотографија на која Гоце Делчев е во друштво на видни прилепчани од семејството Бабоски, настанала на митровденска слава на 8 ноември 1901 година во Прилеп.
Бабовци биле позната прилепска бакалска фамилија, а Делчев, кој од конспиративни причини избегнувал да се фотографира, правилото го прекршил поради наводната блискост со Јанка Каневчева, братучетка на Кузман Шапкарев.
Централна фигура е Алекса Бабе, со ќурк на рамениците и фес на главата, лево и десно од него седат неговите браќа: Владо, Ицо и Ѓоре. Делчев седи долу десно, а над него стои најверојатно некој од чираците на Бабовци.
Во средината на фотографијата има бочва на која со бела боја или со креда е напишан датумот 2.2.1892, кој веројатно означувал некој важен датум за семејството.
Сите мезеле колбаси, млад кромид и леб. Една од кристалните изгравирани чаши од кои пијат домаќините на Гоце. Снимката е изработена во кафеникава, платинеста нијанса, со темнозелена рамка.
Фотографија ја поседува Диме, внук на Владо од фотографијата и син на Гога Бабоски. Во 2003 година тој дозволил историчарот Димитар Димески да го разгледа семејниот албум на Бабовци и ја раскажал историјата на оваа фотографија.
Првпат таа фотографија ја објавил Мартин Треневски во илустрираното списание „Македонија“, во ноември 2000 година.
Извор: “Википедија”