Две постари лица загинаа а уште 6 се повредени по пожар кој утрово избувнал во центарот на Сараево, БиХ. Како што јавуваат локалните медиуми, до пожарот дошло по експлозија на плинска боца во еден од становите на погорните катови, поточно на 11 спрат.
Повредените лица се префрлени во болница каде што добиваат терапија против труење со јаглероден моноксид.
Пожарникарите успеале да го локализираат пожарот, но има значителна материјална штета во зградата.