(ФОТО) ГЕСТ ЗА ПОЧИТ! Вечно ќе бидеш нашиот капитен! И фудбалерите од ФК Млекар се простија од Љупче Перканоски

И фудбалерите на ФК Млекар од с. Мало Коњари викендов со едноминутно молчење се простија од Љупчо Перканоски, сопственикот на компанијата “Авто Контрол”, кој на 20.10. како последици од повреди здобиени во сообраќајна несреќа го загуби животот.

Љупче беше прекрасен и почитуван човек меѓу прилепчани и бизнис заедницата. Тој заедно со својата сопруга Даниела, визијата за успех ја градеше несебично во заедницата и во регионот, на взаемна доверба, помагајќи го спортот, културата, медиумите, луѓе на кои им беше потребна помош. Како резултат на тоа, “Авто Контрол Станица за технички преглед” – Прилеп прерасна во водечка респектабилна современа компанија во Македонија.

Tој беше активен учесник во ФК Млекар, а овој фудбалски клуб е само еден од многуте спортски клубови, кои Перканоски ги поддржуваше и ја помагаше нивната работа.

-Денес на натпреварот помеѓу ФК МЛЕКАР и ФК ПРОЛЕТЕР со едноминутно молчење оддадовме признание и почит на нашиот другар, пријател и голем поддржувач и активен учесник во клубот ЉУПЧЕ ПЕРКАНОСКИ – Другару вечно ќе бидеш нашиот КАПИТЕН, секогаш ќе бидеш со нас и никогаш нема да згаснат спомените за тебе. Почивај во Мир – напишаа од клубот.

Вечна му слава!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.