(Фото) Германските радари не простуваат никому: Птицата летала пребрзо, но уловена била од камерата!

Радарите за мерење на брзина во Германија не му простуваат на никого, па ниту на гулабите, покажаа последните забележани снимки.

Имено, фотографија од гулаб “фатен на дело” стана вирална кога беше објавено дека оваа градска птица, во мирниот дел на Бохолт летала со 45 километри на час, на место каде дозволена брзина за возила е 30 километри на час.

Секако, камерата реагирала, па птицата е фотографирана “вршејќи го прекршокот”.

Под нормални околности овој пpecтапник би платил казна од 25 евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.