(Фото галерија) Центарот за социјални грижи во Прилеп направен фиран … маслосан и со искршени стакла

На 26 мај во СВР Битола, И.А. од Прилеп пријавил дека непознат сторител фрлил стаклена тегла со црна течност кон објектот од Центарот за социјални работи Прилеп на ул.„Стеван Апостолоски“, при што биле оштетени скалите пред влезот и патничко возило сопственост на Центарот за социјални работи Прилеп – информацијата ја пренесе неделниот весник “Зенит”.

Oд МВР велат дека се работи на расчистување на случајот, а додека го бараат сторителот, зградата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа денеска одново била на мета.

Непознат сторител искршил и дел од стаклата.

Кој и зошто се решил на ваков потег зесега не е познато…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.