Во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, во саботата во спортската сала “Борис Tрајковски” се одржа КУПОТ на МАКЕДОНИЈА, а учество зедоа и две девојки од Прилеп, Андреа Аврамоска и Александра Пантелевски.
И двете девојки во Прилеп се вратија со медали. Минатогодишната вицешампионка на Државното првенство, Андреа Аврамоска, е шампион во боди-фитнес, додека Александра го освои третото место во бикини-фитнес.
Ментор на двете девојки е Ангела Гелинческа од ‘ЕLITE GYM’, освојувач на голем број медали во изминатите години на државно и меѓународно ниво.
Честитки за сите и желби за уште поголеми успеси во иднина!