(Фото галерија) Спорт, тим, инклузија – Спортот ги обединува сите, прекрасен спортски настан во Прилеп во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Во пресрет на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска во ООУ „Добре Јованоски“ се одржа прекрасен спортски настан организиран во духот на еднаквоста, заедништвото и инклузијата – „Спорт, тим, инклузија“, во организација на Здружението Центар за развој и едукација Прилеп.

Настан исполнет со радост, тимска игра и позитивна енергија, кој уште еднаш ни покажа дека различностите нè прават посилни, а инклузијата е вредност што секојдневно треба да ја негуваме.

На настанот присуствуваше претседателката на Советот на Општина Прилеп, заедно со членови на Советот, наставници, директори на училиштата и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Прилеп, кои дадоа силна поддршка на сите учесници.

Со оваа активност, уште еднаш упатуваме порака дека секое дете, секој млад човек и секој наш сограѓанин има право на рамноправно учество, спорт и развој и дека инклузијата е наша заедничка обврска.

Вашата поддршка е најголем мотив за сите деца и млади да продолжат да растат, да се развиваат и да веруваат во себеси.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.