(Фото галерија) Професор од Прилеп им всадува љубов кон убавините на Македонија на своите ученици – Ова се нивните авантури!

Наставникот по географија во ООУ “Кире Гаврилоски – Jане” oд Прилеп, Милан Јаковоски, на оригинален начин избрал да им ги доближи убавините на Македонија на своите ученици, а со тоа и да им го збогати нивното знаење по наставниот предмет.

Минатата година тој избра седум дестинации за искачување, а учениците со задоволство ја прифатија оваа идеја, па помеѓу нивните дестинации се најдоа и планинските врвови Пелистер, Титов Врв и Кораб.

Јаковоски и неговите ученици оваа идеја ја продолжија и во оваа школска година и успешно ја реализираа програмата од географската секција.

-Програмата ја завршивме со дводневна тура од село Нежилово до изворите на Река Бабуна, потоа спиевме во планинарскиот дом “Чеплес” и следното утрото ја искачивме Солунска Глава, па повторно слеговме во село Нежилово. Претходниот период имавме неколку тури околу Прилеп, како, потоа врвот Магаро на Планината Галичица, Големото пелистерско езеро – истакна Јаковоски.

Во продолжение фотогалерија од авантурите на дечките низ убавините на Македонија:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.