На 13.12.2025 во Подгорица, Црна Гора, се одржа 19. Меѓународен турнир во џудо “Куп на ослободувањето на Подгорица” – 2025, каде учество зедоа вкупно 485 натпреварувачи од 40 џудо клубови.
Џудо клубот Сеишин од Прилеп зеде учество со 7 натпреварувачи, при што освоени се 7 медали (2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали).
Резултати поединечно:
1. Јована Цветкоска 1 место
2. Немања Џагадуроски 1 во место
3. Марко Марковски 2 ро место
4. Теодора Илиоска 2 ро место
5. Тамара Илиоска 3 то место
6. Матеја Николоска 3 то место
7. Ангел Стојовски 3 то место
Екипата ја водеа тренерите Мартин Ристески и Тони Бурнески, кои се задоволни од настапот на овој квалитетен и масовен турнир. Ова беше и последниот настап од натпреварувачки карактер за 2025 година на членовите на ЏК Сеишин – Прилеп.
































