Само 10 месеци од доаѓањето на “новиот живот” во Прилеп беа доволни да се почуствуваат “разликите”, ако ова може да се нарече разлика на подобро.
Паркот помеѓу зградите во населбата “Ѓогдере”, кој беше еден од најубавите во градот, целосно руиниран и запоставен.
Веќе никој не води грижа за малите зелени оази кои ги има во секоја населба во градот. Она на што се радуваа и најмалите и возрасните, губи секаков сјај, а причината за тоа е негрижата на новите градски власти.
Се наѕира новиот лик на паркот во населбата “Ѓогдере”: Ќе биде еден од најубавите во Прилеп (ФОТО)
Револтирани граѓани од оваа населба реагираа на социјалните мрежи за ваквиот однос на локалната самоуправа. Велат се’ што е направено од претходно е со наши заеднички пари и истото треба да се одржува, пред се во интерес на нашите најмали кои играат и растат во овие паркови.
Еве што остана од малото сино езерце и урбаната опрема во паркот: